Посебна чест и огромно задоволство беше да организира и претстави пред домашни учесници проектот и платформата CATALYST – кој се разработува две години и веќе влезе во пилот фазата.
CATALYST Платформата е отворена за секој кој сака да се запознае, научи и надгради со знаења и вештини во врска со одржлива трансформација – поим кој набрзо ќе стане доста користен и цитиран, не само во рамки на економија, туку и во контекст на целокупното општествено функционирање.
Пристапувањето и користењето со бројните ресурси, алатки и услуги е слободно благодарение на поддршката на Еразмус+ програмата; CATALYST Платформата нуди можности како за студенти, така и за малите и средни претпријатија во формат од преку 70 курсеви, специјализирани програми и бизнис.
Приклучете се на CATALYST Платформа – https://catalystplatform.eu/
- IEGE
- IEGE
- IEGE
- IEGE
- IEGE











